Лондонската полиција вечерва објави дека уапсила човек кој носел секира на Мол, централната улица што ги поврзува Бакингемската палата и плоштадот Трафалгар, додавајќи дека нема извештаи за повредени.
– Полициски службеници патролираа на улицата Мол околу 18,30 часот, кога забележаа човек како носи секира – изјави градската полиција, пренесе Ројтерс.
Полицијата соопшти дека вооружени полициски службеници биле на должност во близина.
– Тие се најдоа на местото каде што беше приведен човек околу 40 години, осомничен за носење ладно оружје – се додава.