186
Во престрелка во Љубљана загина 34-годишен маж, а полицијата се уште трага по сторителот, јавуваат словенечките медиуми.
Полицијата на местото на престрелката пронашла маж со тешка прострелна рана, кој набргу потоа починал, јави РТВ Словенија.
Според извештаите, сторителот е маж висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран.
Според неофицијални информации на ТВ Словенија, убиениот и претходно и бил познат на полицијата и се претпоставува дека не бил случајна мета, бидејќи наводно бил мета и во престрелката во Љубљана во април 2020 година, кога бил ранет.
Тој тогаш бил вооружен и пукал кон напаѓачот, а полицијата подоцна на местото на конфликтот пронашла поголема сума пари.