Вооружен маж утринава удрил со својот автомобил во барикада на територијата на американскиот Капитол, пред да испука неколку истрели во воздух, а потоа да се самоубие, соопштија претставници на редот.
Извештаите од местото на настанот укажуваат дека мажот го запалил својот автомобил непосредно пред да се самоубие.
Инцидентот се случил нешто по 4:00 часот по локално време, а полицијата на Капитол соопшти дека автомобилот бил зафатен од пламен кога вооружениот напаѓач го запалил откако удрил во барикада.
Откако излегол од запаленото возило, напаѓачот испукал неколку истрели во воздух, а се самоубил кога полицијата му пришла, пренесе „Раша тудеј“.
Во инцидентот нема повредени, а полицајците не употребиле оружје.
„Фокс њуз“ објави дека човекот го запалил автомобилот пред да удри во барикадата.
Полицијата на Капитол го истражува инцидентот.