198
Синоќа на патот Кичево – Охрид, 40 минути пред полноќ бил лишен од слобода пијан возач. СВР Охрид информира дека се работело за 31-годишниот З.Р. од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди” со кичевски регистарски ознаки кое, тој го управувал и по преземени мерки, констатирале дека тој е под дејство на алкохол. З.Р. веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило”, велат од СВР Охрид.