217
„На 11.05.2021 во 18:40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат Прилеп-с.Лениште, мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(71) од Прилеп изгубил контрола и излетал од патот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт“, соопштија од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.