Ова го покажува истражување со учество на 100 брачни парови, тврди “Хиндустан тајмс”.
Сексолозите сакале да разберат како се менува односот кон сексот по бракот. Пред ставањето на бурмите само 9% од понежниот пол гледале порно. Но, откако поминале под венчило бројот на жените, кои кликале низ каналите за возрасни, се зголемил тројно – 28 проценти. Кај мажите е обратно – 23% се навлечени од порното, пред да се задомат, и само 14% потоа.
Истражувачите се труделе да ги проучат и сексуалните преференци. На 13% од мажите и 12% од жените им се допаѓал вагиналниот секс, а 2% од мажите и 0,4% од жените – аналниот. Во исто време на 5,9% од мажите и 6,9% од жените најмногу им се допаднало да ги отелотворуваат своите фантазии. Сексолозите велат дека честото гледање порно е поврзано со силна сексуална желба. По свадбата мажите најверојатно фрлаат повеќе напори да ја заземат поповолна положба во општеството, објаснуваат експертите. Сепак, тие не ја исклучуваат и варијантата дека кај мажите, минати под венчило, порното го заменува реалниот секс.