363
Неодамнешно истражување ја откри правата вистина за тоа каков секс навистина сакаат мажите. Иако многумина се убедени дека мажите „паѓаат“ на жесток и див секс, резултатите од истражувањето покажаа малку поинаква, изненадувачка вистина, пишува LoveScout24.
Во анкетата, околу 1.000 мажи биле прашале кој е нивниот омилен секс, а дури 37 отсто се согласиле дека претпочитаат „помек“ секс. Само 11 отсто од нив одговориле дека претпочитаат погруб секс.
Откриле и кој дел од сексот им е омилен. За 56 отсто од нив, најважно било галењето во кревет, а за нив е важно и бакнувањето, што го потврдија 50 отсто, и предиграта, со која се согласија 48 отсто.
За споредба, само 36 отсто од жените рекле дека предиграта е неопходен чекор во секоја врска.