Неодамна научниците потврдија уште еднаш дека романтичната љубов и сексот се две сосема различни нешта, понекогаш дури и неповрзани едно со друго.
За време на истражувањето на доброволци се прикажани слики на нивните најблиски и истовремено со тоа научниците го скенираат нивниот мозок. Механизмот на активирање на одредени делови од мозокот силно се разликува од оној кој се активира при сексуална возбуда.
Според научниците, љубовта е истиот моќен мотор во животот на човекот, како на пример гладот. Шефицата на истражувањето – антропологот Хелен Фишер од Универзитетот Рутжарс, Канада – потсетува дека во текот на целата историја на човештвото луѓето создавале поезија и музика, пееле песни, танцувале и дури умирале поради љубовта, но не и поради сексот! Иако се смета дека за мажите сексот е многу поважен од љубовта, тоа воопшто не ги намалува нивните можности да сакаат: во просек три од четири самоубиства поради несреќна љубов се вршат токму од мажи. Мажите се вљубуваат почесто отколку жените, благодарение на тоа дека ја “визуелизираат” љубовта, односно “сакаат со очите”. И за тоа има логично објаснување: мажите ја одредуваат прво визуелно партнерката, дали е способна да даде цврсто потомство.
А, жените ја имаат склоноста да размислуваат во други категории: при поглед кон сликите на нивните омилени луѓе кај нив се активира дел од мозокот, поврзан со меморијата. Фишер претпоставува дека овој рефлекс се изработувал милиони години и на “античкиот јазик” може да значи: “А, донесе ли овој човек месо минатата недела?”. За опстанокот на семејството и родот тоа имало огромно значење. Можеби токму затоа жените многу добро го паметат сите детали во односите со својот партнер. На прашањето зошто толку брзо поминува периодот на романтичната вљубеност, Фишер одговара со претпоставката дека човечките можности се ограничени: да живееш цело време на врвот на емоциите е невозможно. Тоа би предизвикало големи енергетски загуби и би го истоштило човекот. Токму поради тоа после заљубувањето следува приврзаноста.