Мажите со оваа физичка карактеристика имаат поголема веројатност да ја изневерат својата партнерка

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Постојат многу начини да откриете дали вашиот партнер изневерува, бидејќи постојат знаци кои кажуваат, но новото истражување покажа дека мажите со една физичка карактеристика имаат поголеми шанси.

Имено, врз основа на анкета спроведена меѓу 2.000 членови на illicitencounters.com, водечкиот сајт за запознавање во Обединетото Кралство, 52 отсто од мажите кои признале дека изневеруваат имаат голем нос.

Дури 78 отсто од мажите рекле дека веруваат дека им се попривлечни на жените поради големиот нос.

Меѓу оние кои изневерувале, само 18 отсто имаат мал нос, па може да се каже дека оваа физичка карактеристика има врска со таа веројатност.

Од тимот кои го направиле истражувањето споделија дека веруваат дека поголемиот нос пренесува чувство на мажественост и дека има нешто во таквите мажи што едноставно ги привлекува жените.

Претходна студија од 2017 година покажа дека и мажите „кои имаат пошироко лице“ изневеруваат почесто од оние кои немаат, но и тоа, исто како и оваа студија, треба да се земе со резерва, пишува aktivni.si.

Слични содржини