Мажот, кој ја претрпе првата успешна трансплантација на пенис во светот, ќе станува татко.
Лекарите во универзитетот Стеленбош во Кејптаун, Јужна Африка, кои учествувале во операцијата, ја соопштија веста дека партнерката на мажот со награден пенис е бремена.
“Ова потврдува дека операцијата била успешна и органот функционира”, рече професор Андре ван дер Мервил, шеф на катедрата за урологија на универзитетот кој ја извршил трансплантацијата.
21-годишното момче од Јужна Африка претрпе пионерска операција за пресадување на полов орган во декември минатата година. Тој требало да добие нов пенис поради лошото обрежување пред три години. Само пет недели по 9-часовната трансплантација момчето можеше да има секс.
Донаторот му бил маж, кој доживеал смрт на мозокот. Лекарите објаснуваат дека момчето го примило пенисот како свој, иако новиот орган се разликува малку по боја. Експертите објаснуваат дека дури пациентите да се со приближно иста боја на кожа, разликата “подолу” секогаш ќе постои.
Ова не е прв обид да се прикалеми машки полов орган. Пред десет години Кинез се здобил со нов орган, но поради компликации тој требаше, да биде отстранет две недели по операцијата.
Професор Ван дер Мервил поминал години во експериментирање врз трупови за да види кои нерви, крвни садови и други елементи треба да се соединат, за да се обезбеди сеопфатна функција на органот. По детално истражување хирургот решил да користи техники карактеристични за трансплантацијата на лице.
“Постојат голем број на мажи кои ќе имаат корист од оваа операција, но прашањето е во недостаток на донатори, како и недостатокот на финансирање. По првата успешна интервенција младиот Јужноафриканецот уринира нормално, без помош на катетер и има активен сексуален живот, па наскоро по операцијата . “Нашата цел беше тој да се опорави до две години, но сме изненадени од брзото враќање во нормален начин на живот”, објаснија лекарите.