Мбапе не е единствениот: Галактикосите го сакаат и Дејвис

од Vladimir Zorba

Прашање е кога Реал Мадрид ќе ја официјализира преселбата на Килијан Мбапе во Кралскиот клуб, но Флорентино Перез, претседателот на Галактикосите не сака да застане тука.

Четиринаесеткратниот европски првак веќе подолго време бара играч на позицијата лев бек, а следното лето тој проблем ќе се обиде да го реши во форма на Алфонсо Дејвис. Ферлан Менди веќе подолго време има проблеми со повреди, а и кога е на теренот не блеска. На негово место доаѓа Камавинга, кој по природа не е лев бек, па на Реал ќе му биде потребна аквизиција на таа позиција во летниот преоден рок.

Дефанзивецот на Баерн летово би можел да го напушти минхенскиот клуб, особено по наводите дека имало средба меѓу агентот на Канаѓанецот и првиот човек на клубот од Баварија и дека исходот од средбата не бил добар.

Реал е подготвен да плати меѓу 40 и 50 милиони евра, а договорот на Дејвис со Баерн истекува на крајот од следната сезона, па тоа дополнително ќе ја намали цената. Дејвис оваа сезона одигра 18 натпревари во Бундеслигата и постигна еден гол со три асистенции. Во Баерн дојде од Ванкувер во 2019 година за 14 милиони евра.

Слични содржини