Сагата конечно заврши, Килијан Мбапе премина во Реал. Тој зборуваше со новинарите за прв пат откако беше официјализиран трансферот. Поточно Мбапе разговараше со новинарите на собирот на француската репрезентација пред Европското првенство, на кој присуствуваше и претседателот на таа земја, Емануел Макрон.
– Многу сум среќен, се гледа насмевката на моето лице. И како среќен играч можам да играм подобро. Ќе играм за мојот клуб од соништата. Во Реал Мадрид ќе бидам најмалку пет години, изјави Мбапе.
Тој се осврна на последната година во Пари Сен Жермен.
– Во ПСЖ на почетокот на сезоната ми рекоа дека нема повеќе да играм. Ме спасија Луис Кампос и Луис Енрике. Ми олесна. Дојдов во Реал во најголемиот клуб во светот. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез. Тој ми веруваше од првиот ден.
Мбапе дојде во Реал како слободен играч, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.