Најскапиот пентхаус во Мелбурн, Австралија стана уште поексклузивен благодарение на специјалниот додаток, McLaren Senna GTR.
Суперавтомобилот со кран беше подигнат на 57-от кат на кулата на улицата „Ла Троб“, а процесот привлече големо внимание кај минувачите. Оваа ситуација потсети на сцена од франшизата „Брзи и бесни“ и суперавтомобилот Lykan Hypersport.
Информациите за суперавтомобилот на Инстаграм ги сподели мултимилионерот Адријан Портели, кој се најде на насловните страници за купувањето на најскапиот пентхаус во Австралија, кој го чинеше 26,3 милиони долари. Тој го поседува и споменатиот McLaren Senna GTR од 2020 година, кој чини 3 милиони долари.
Портели одлучил да го стави McLaren-от во пентхаус бидејќи не е легален на патиштата. Тој рече дека веројатно ќе биде негов дом засекогаш бидејќи враќањето на земја по градежните работи на кулите е речиси невозможно.
За потсетување, McLaren Senna GTR дебитираше во 2019 година како верзија на Senna дизајнирана исклучиво за патеката, а беа произведени само 75 примероци. Тој е придвижуван од 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 814 КС и има екстремна аеродинамика.
Портели има и други одлични автомобили во својата колекција како Lamborghini Aventador SVJ и Murcielago SV.
Пред да биде поставен GTR во кулата, сопственикот го возел на патеката и се забавувал во затворен простор.