Меѓународната агенција за атомска енергија ќе спроведе истрага за исчезнатиот ураниум во Либија

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) вчера објави дека околу два и пол тони природен ураниум исчезнале од локација во Либија.

За време на посетата во вторникот, инспекторите на агенцијата на ОН откриле дека недостасуваат 10 контејнери со околу 2,5 тони природен ураниум во форма на концентрат на руда на ураниум, на местото каде што властите пријавиле дека се складирани, напиша генералниот директор на Агенцијата, Рафаеле Гроси, во извештај до земјите членки.

IAEA соопшти дека ќе спроведе дополнителни проверки за да се разјаснат околностите под кои исчезнала супстанцијата и да се утврди нејзината моментална локација. Не е прецизирано за која локација се работи.

Во 2003 година, Либија се откажа од својата програма за развој на нуклеарно оружје за време на владеењето на Моамер Гадафи. По неговото соборување во 2011 година и по 42 години од неговото владеење, земјата западна во голема политичка криза со ривалски влади со седиште во источниот и западниот дел на земјата, голем број вооружени групи и платеници низ целата земја со странско мешање.

Две влади се борат за власт, владата чие седиште е во Триполи е призната од Обединетите нации, а другата се наоѓа на исток и е поддржана од командантот Калифа Хафтар.

Слични содржини