Во тужбата поднесена во петокот пред Врховниот суд на Њујорк, анонимен тужител изнел нови наводи против Бил Козби.
Имено, жената чиј идентитет не е откриен изјавила дека на снимањето на „The Cosby Show“ била повикана во два наврати.
-Била сексуално злоставувана вториот пат кога го видела Бил, откако тој ѝ ставил дрога во пијалокот. Жената изјавила дека се онесвестила по мала количина пијачка, а кога се разбудила било доцна, пренесува британски „Телеграф“.
Се наведува и дека актерот сето тоа го направил на снимањето, и дека компаниите знаеле што се случува, но дека никој не го спречил.
Козби ги негирал овие наводи и во еден момент ги нарекол смешни.
„Наводните обвиненија се крајно смешни и наместени и јас одбивам да одговорам или да дадам значење“, рекол тој, пренесува „Entertainment“.
Фото: Getty