407
На својот неодамнешен концерт во Лас Вегас, пејачката Адел ѝ призна на публиката дека повторно почнала да оди на психотерапија, а тоа го направила за првпат по разводот со Сајмон Конецки во 2019 година.
„Повторно почнав да одам на терапија бидејќи немав одено неколку години. Морав да почнам. Порано, кога поминував низ разводот, одев на пет терапии неделно“, признала пејачката, пренесуваат странските медиуми.
Како што откри таа, планира секоја недела да работи на себе.
„Мојата терапија оваа недела беше многу интересна. Се работеше за овие мои концерти. Секогаш станувам многу емотивна. Сакам да правам музика, но има нешто во настапот во живо што всушност ме ужаснува и ме исполнува со страв“, истакна Адел.