„Ме расплака“: Бритни Спирс искрено за вишокот килограми и искуството со тренер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Познатата пејачка Бритни Спирс долги години беше под контрола на нејзиниот татко. Нејзиниот имот, пари, одлуки за настапи, социјалните мрежи, сè беше под негова контрола. Бритни го тужеше својот татко и делумно успеа, на задоволство на обожавателите, повторно да управува со својот живот.

Оттогаш таа е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм каде често зборува за своите проблеми и грижи, но и со разни фотографии не враќа во минатото, кога беше на врвот на кариерата.

Бритни сега решила да сподели видео на кое танцува, а во описот раскажала за непријатното искуство кое го доживеала со папараците, но и со личниот тренер кој сакала да го ангажира.

„Пред два месеца сакав да ангажирам тренер и првото нешто што таа го направи, не ве лажам, ме штипна за стомакот и нозете и рече дека морам да го вратам телото кое го имав во младоста. Зошто го направи тоа? Тоа ме расплака. Секако дека не ја вработив, а почнав да тренирам самата“, напишала пејачката и додала дека вежба три пати неделно, иако не ѝ се допаѓа, но сега не ѝ се допаѓа како изгледа на сликите од папараците и сака да ја поправи сликата која ја праќа за себе во јавноста.

Слични содржини