Скијање речиси трагично заврши за романски рекреативен спортист откако мечка започна да го брка додека беше на патеката.
Еден од скијачите сними необичен настан од жичарницата во Предеал, познат романски ски-центар. Тој ја забележал мечката како трча по патеката и се обидува да го фати младиот човек кој скијал.
Младиот човек во паника ја зголемил брзината, а луѓето на жичарницата се обидувале да го привлечат вниманието на мечката со извици и свирки. Сепак, таа не сакала да се откаже од пленот.
За среќа, загрозеното момче во последен момент успеало да извлече жива глава. Се сети дека има ранец на грб и успеа да го фрли за да ја забави мечката бар малку. Ова го одвлече вниманието на мечката која на крајот застана покрај ранецот и започна да го кине, веројатно во потрага по храна.