Мечка се шета сред бел ден во кривопаланечкото село Петралица

од Milan1
88 прегледи

Мечка сред бел ден се шета во селото Петралица општина Ранковце. Оваа информација ја споделија од Ловното здружение „Славишко поле“ при што потсетуваат дека мечката е заштитен вид и нејзиното застрелување е казниво со закон.

– Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е строго заштитен вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра, објавија на својата Фејсбук страница од Ловното здружение „Славишко поле“.

Слични содржини