289
Состојки:
– 350 гр брашно
– 2 јајца
– 200 гр шеќер
– 150 гр путер
– 1/4 кесичка прашок за пециво
– 2-3 лажици мед
– 100 гр ореви
– 1 лажичка цимет
– 1 морско оревче
– 2 лажици рум
– 1 белка од јајце
Подготовка:
Прашокот за печиво измешајте го со брашното, па добро измешајте го заедно со путерот исечкан на парчиња.
Додадете шеќер, јајца, рум, мелени ореви, цимет, мед, рендано морско оревче и сè убаво измешајте.
Тестото мора да отстои на ладно место најмалку еден час, а потоа формирајте поголеми ролати кои ќе ги исечете на помали парчиња.
Формирајте ги топчињата, ставете ги во плех обложен со хартија за печење, малку израмнете ги, премачкајте ги со белка и украсете ги со половина орев.
Се пече на температура од 220 степени околу 15 минути.