Меџити: Нема дилеми дека Албанците на пописот ќе бидат 25%

249 прегледи

Координаторот на пратеничката група, и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, денес потенцираше дека според сите индикатори, Албанците ќе бидат по пописот 25% и дека тука нема дилеми.

„Според бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа“, посочи Меџити.

Меѓудругото, Меџити и порача на опозицијата ако може да придонесе за подобрување на Законот или во неговата практична имплементација. Според Меџити, опозицијата не придонесува за доброто на државата ако го оспоруваат законот. Тој вели дека Македонија доцни со пописот идека е крајно време да имаме попис и да ја знеме точната бројка.

Слични содржини