Влијателниот француски весник Медиапарт објави сторија посветена на вооружените судири во Куманово.
Сабота 9 мај во утринските часови македонската полиција ја започна акцијата во Куманово, во северозападниот дел на малата земја со два милиона жители, каде албанското малцинство претставува една четвртина од населението. Мистериозни “албански терористи” влегле таму. Според првата верзија на Владата нив ги имало 70 и биле тешко вооружени. Подоцна оваа бројка значително се намали. Властите рекоа дека се работи за криминалци, “најопасните на Балканот”, ветерани на албанските герилци поврзани со организираниот криминал, но, исто така, и со меѓународни исламистички мрежи … Во два дена борби осум полицајци загинаа, 35 се повредени, а десет “терористи” се убиени – еден Албанец од Македонија и девет од соседно Косово, пренесува Нова
Изненадувачки, оваа група не побара ништо и беше фатена во урбана средина која не е погодна за герилска борба. Многу брзо, недоследностите на верзијата на македонските власти почнаа да бијат очи. Се шири идејата дека ова е направено за да се одвлече вниманието на јавното мислење во опозициските протести кои се шират во Скопје. Конзервативниот националистички режим на премиерот Никола Груевски е, од почетокот на годината, сериозно разнишан од страна на сензационалните откритија кои секој ден ги открива лидерот на опозицијата на социјалдемократите Зоран Заев. Тој има аудио снимки кои ја откриваат корупцијата и авторитаризмот на режимот воспоставен во земјата.
Ми беше предложено да ја водам операцијата, но јас одбив», вели командант Хоџа, чие вистинско име е Џезаир Шаќири, еден од главните лидери на албанските герилци во Македонија во 2001 година. По завршувањето на Охридскиот мировен договор, тој е амнестиран, па станува дури и пратеник. По враќањето на власт на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година, тој беше обвинет повторно и мораше да избега за Косово.
(…)
Командантот Хоџа не сака да каже кој му предложил да ја води акцијата. Но, тој ја обвинува владата на Македонија – особено Сашо Мијалков, шефот на разузнавањето, кој беше принуден да поднесе оставка на 12 мај – дека го режирала настанот. «Мажите кои се собраа во Куманово беа сите платени. Тие делувале како платеници, иако некои од нив беа албански патриоти и ветерани кои добро ги знаев добро.»
Г-дин Д. е еден од шефовите на полицијата во Косово, стар кадар кој занаетот го учел социјалистичка Југославија и кој никогаш не престанал да работи, ни под Милошевиќ, ниту во Косово кога беше протекторат ниту по независноста. Тој цврсто држи до својата анонимост. Г-дин Д. не крие дека операцијата Куманово му дава некаква сатисфакција: «Ова е еден вид на ненамерна метла, неколкумина од кралевите на дрогата се елиминирани – не беа тие големи шефови, но моќни на теренот. Во бандата, само Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, имаше малку идеолошка определба … Другите беа само платеници.» Г-дин Д. Добро ја знае листата на загинатите во Куманово се разбира меѓу кои фигурираат и «клиенти» кои тој се обидувал да ги урне.
Оружје обезбедено од страна на македонската полиција
Имињата на десетте борци убиени во Куманово се познати и сите се на границата помеѓу разбојништво и «патриотска» посветеност како кај герилците во крајот на векот, како Ризај Бег, ветеран од три војни, на Косово, во Прешевската долина (Јужна Србија) и во Македонија. Има еден вознемирувачки факт. Речиси сите луѓе доаѓаат од Дукаѓин (западно Косово), прилично оддалечен регион од Македонија. Тоа е упориште на поранешниот командант Рамуш Харадинај, поранешен премиер на Косово, ослободен од страна на Меѓународниот кривичен суд под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото. «Тоа не значи дека Рамуш има врска со тоа», вели командантот Хоџа. И додава дека «тоа покажува дека биле ангажирани преку некои мрежи и во сето тоа нема ништо спонтано».
(…)
Сe обидоа, но пресметката пропадна
Можеби Македонците сакаа да се покажат остроумни со испраќањето на првата екипа од «Тигрите», – специјалните полициски единици, поддржани од страна на EБР и ПЕП, специјализирани во одржување на редот и мирот – и да наднат во Куманово каде што го запоседнале «терористите»? Според информациите од неколку македонски новинари, «Тигрите» добиле лажни информации, нивните водачи им рекле дека се работи за «некои дилери на дрога». Операцијата започна кратко по 4 часот и 20 минути, по првата муслиманска утринската молитва. Половина час подоцна, неколку припадници на специјалните единици беа убиени, четири беа примени во 5 часаот и 5 минути во болницата во Куманово сериозно повредени.
(…)
Француска агенција за комуникација
Веднаш по трагедијата, македонскиот печат ја истакна улогата на француската агенција за комуникации, чијшто директор сретна со македонските власти на 17 февруари, Жерар Аскинази, директор на агенцијата. Во разговорот по телефон со Mediapart, тој признава дека се сретнал со премиерот Никола Груевски и «неколку од неговите соработници».
(…)
Парадоксално, оваа промашена операција всушност ги доближи разните сегменти на македонското општество околу критиките за манипулацијата на власта. Но, звукот на чизми кој почна да се слуша е загрижувачки. Бидејќи, преку манипулации и провокации, други лукави сценарија не се исклучени во текот на следните недели.
Текстот во целост прочитајте го тука
