Граѓаните на БиХ сметаат дека иднината на БиХ е во ЕУ, но со оглед на тоа дека граѓаните од босанските медиуми добиваат малку извештаи за евроинтеграциите, а помалку интерпретација, тематизација и анализа на настаните, знак прашање е колку просечен босански граѓанин знае за европскиот пат на БиХ.

Во БиХ делуваат многу медиуми па се наметнува мислата дека на граѓаните им се достапни разновидни информации. Меѓутоа, во пракса тоа и не е баш случај.

Сензационалистичко и бирократско информирање на граѓаните

Аналитичарите сметаат дека во случајот со БиХ медиумскиот плурализам не значи и плурализам на содржините. Така граѓаните на БиХ наместо детални анализи и објаснувања за ЕУ интеграциите, главно добиваат само површни и неинтересни информации.

– На граѓаните главно им се презентираат дневни настани, протоколарни посети и елементи на процесот на преговорите со ЕУ, додека многу помалку се зборува за резултатите од процесот, односно деталите за реформите кои се потребни на европскиот пат на БиХ, вели Лејла Турчило, професорка на Факултетот за политички науки.

Бенџамин Бутковиќ, в.д. уредник на информативната програма на БХТ1, вели дека причина за таквото известување е кадровската состојба во редакциите и неможноста за профилирање на сопствени експерти во оваа област.

– Сето ова заедно прави таков лош мозаик во кој не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Но, вината не е само во новинарите и уредниците. Медиумските менаџери се тие кои утврдиле дека европските приказни не се интересни, дека не го привлекуваат вниманието на јавноста и дека не се профитабилни. Одговорноста, исто така ја сносуваат и креаторите на европската стратегија за комуницирањето со јавноста, која одамна е веќе старомодна, неинвентивна и шаблонска кон секоја земја, од Шведска до Косово. Освен тоа, денешните медиуми генерално многу повеќе се сензибилизирани на инциденти, сензационалистички или тривијални настани, општествени појави или поединци, отколку за вистински вредности. Формата целосно ја победи суштината, вели Зекеријах Смајиќ, новинар и дописник од Брисел.

Турчило смета дека мал број новинари се специјализирани, но и компетентни соговорници за да им помогнте на новинарите за да можат да им ги објаснат на граѓаните процесите на интеграцијата.

Слично мислење има и Бутковиќ, кој како причини ги наведува недостигот на профилиран кадар, односот на сопствениците на медиумите кон таквите содржини, комплицираноста на процедурите во ЕУ кои без доволна упатгеност во темата тешко може јасно да се претстави на широката публика.

– Наспроти тоа, некои јавни елементи имаат неделни содржини посветени на објаснувањето на улогата на ЕУ во светот денес, предностите и недостатоците на членството, процедурите за пристап на земјата за кандидат итн. БХТ1 покрај емисијата „Европаимпулс“, во соработка со ЕУ реализира и проект за начинот на живеење во земјите на Европската унија, вели Бутковиќ.

Иако јавните емитери количински повеќе се бават со ЕУ теми, Смајиќ смета дека клучното прашање е: Што граѓаните од тоа можат да научат за ЕУ?

– За ЕУ во БиХ може да се научи само самоиницијативно, бидејќи алки во системот ни во оваа сфера не постојат, а медиумите се препуштени сами на себе, освен неколку исклучоци во светот на веб-медиумите, кои ги нашле своите мецени. Апсурдно е дека и јавниот сервис не се бави со евроатлански теми, политики и процеси на професионален начин, бидејќи во нив многу повеќе од приватните медиуми царуваат луѓе што не знаат и што се послушници. Во многу облици, форми и содржини на зборување и пишување за ЕУ и НАТО, комерцијалните електронски медиуми и веб-портали се попрофесионални од јавните сервиси. Но, и едните и другите се шаблонизирани и кампањски и ни едните ни другите не се бават со за нас важни меѓународни организации и институции како што се Советот на Европа, ММФ, СТО, Светската банка, итн, а тие се авторитети кои исто така ги кројат животите на секој од нас, вели Смајиќ.

Проблем се и дописниците, има ли решение?

Турчило потенцира дека дописништвото е исклучително скапо и дека медиумите не се во можност да ги плаќаат, но дека би било добро од време на време да се праќаат новинари во Брисел, да ги следат настаните од локална перспектива.

– Единствен медиум од БиХ кој од дамнешната 1998 годинан има постојана дописничка екипа со ТВ техника во Брисел, беше СЕНСЕ. Први во регионот почнаа да се бават со темите од ЕУ, напишаа десетици книги и популарни брошури за ЕУ, објавија стотици анализи, десетина прирачници и фељтони, со еден збор, беа пионери. Сепак, ни нашата власт, ниту пак некој во ЕУ не ги препозна овие неспорни вредности па и СЕНСЕ по речиси 20 години пионерски труд, моментно е во состојба да го изгаси дописништвото во Брисел. Ако се случи тоа кон крајот на оваа година, БиХ ќе биде единствена држава во Европа без ниту еден единствен постојан дописник од ЕУ, истакнува Смајиќ.

Бутковиќ вели дека БХТ има свој постојан дописник Елвира Буцало и дека јавниот сервис на БиХ го надмина проблемот за дописништвото. Буцало од Белгија известува од 1997 година, со тоа истовремено работи за повеќе медиуми.

Смајиќ потенцира дека ЕУ мора да се врати на некогашната политика за зајакнување на професионалните и независни медиуми, а домашните власти мора да ги редефинираат приоритетите за проекти на националната програма кои се финансираат од фондовите на ЕУ.

– Сето ова е многу едноставна шема бидејќи се познати моделите на таквата политика, а уште попознати се добрите пракси од оваа област. Потребно е само добра волја и неопходни знаења, а најважни се визијата и храброста, кои нашата импотентна власт за жал ги нема, заклучува Смајиќ.

Кликс – Сараево

Слични содржини