Меџити: Балансерот го изгуби рокот, работна група ќе го анализира моделот

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници Македонија.

Според Меџити, суштинскиот проблем е тоа што албанските партии во минатите влади дозволиле закон или закони да се носат со две мнозинства и му овозможиле на Уставниот суд, а утре да ги укине само со просто мнозинство.

-Ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. И тука доаѓаме до суштинскиот проблем што албанските партии во минатите влади ни го оставија во наследство – дозволија закон или закони кои се донесуваат со многу труд и политички вложувања да се носат со две мнозинства (со просто мнозинство и Бадентеровото мнозинство) и му овозможија на Уставниот суд утре да ги укине само со просто мнозинство. Ова е главниот дефект што го оставија оние кои денес плачат, бидејќи да беше поинаку, на седницата за балансерот тројцата судии (двајца Албанци и еден турчин) гласаа против и немаше да се укине механизмот за балансерот. Овој дефект го наследивне од ДУИ, не ги имаат решено прашањата како што треба и ние се занимаваме со неуспесите на ДУИ и другите кои беа дел од претходните Влади. Актуелната Влада има политички и демократски капацитет за да најде решение кое ќе ја почитува уставната категорија на правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински етнички заедници во јавната и државната администрација, не давајќи му никакви шанси на Уставниот суд во иднина да го укине, рече тој.

Меџити посочи дека овој проблем не е само за балансерот, туку за сето тоа што произлегува од Охридскиот договор и што има врска со идентитетот на Албанците и другите етнички заедници во Македонија кои не се мнозинство и овозможила сето  постигнато да падне во вода преку ноќ затоа што, како што рече, на почетокот не ја детектирале и не го постигнале тоа и во Судот да има Бадентер и за прашањата поврзани со идентитетот на Албанците и другите заедници да одлучува со две мнозинства.

Првиот вицепремиер потенцира дека согласни се оти рокот на балансерот поминал и неопходен е нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници.

-Не ги разбирам тие што плачат, затоа што истите тие во 2023 година на седница на Владата гласаа за Стратегијата каде бараа да се укине балансерот. Ова по седницата го изјавија и премиерот Ковачевски и други функционери. На ист став сме и тогаш и денес – сметаме дека рокот за балансерот помина и на Македонија и треба нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците. Ги имате слушнато и изјавите на нашите партнери во Владата, почнувајќи од премиерот до министерот за јавна администрација, кои потврдуваат дека тоа е уставна категорија и дека Владата има капацитет да го заокружи ова прашање со закон кој ќе обезбеди правична и квалитетна застапеност во иднина, рече тој.

Меџити потенцира дека треба да се земе предвид и анализата на поранешниот министер за администрација Адмирим Алити, кој посочува дека Албанците биле подобро претставени со политички договори кога биле отворени конкурси за 500, 700 работни места, отколку кога бил воспоставен механизмот балансер.

Слични содржини