Меџити: Членовите на Уставниот суд да размислат со трезна глава околу Законот за употреба на јазиците

од Milan1
40 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити попладнево ги повика членовите на Уставниот суд да размислат, како што рече, со трезна глава бидејќи со иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците од 2019 година можат да придонесат за дестабилизација на државата.

– Како прво, нема дилеми да се укине албанскиот јазик како службен јазик. Дилемата се отвори од пред неколку години за одредени одредби и членови од актуелниот закон. Законот за употребата на јазиците е донесен набрзина и не како што треба. Затоа денеска остава простор некој да покрене таква иницијатива. Исто така, и до Венецијанската комисија е однесен од поранешната Влада на СДСМ-ДУИ и указите од Венецијанската комисија се добиени, но не се постапило по нив. Прашањето е зошто Уставниот суд чиј состав е од блиски луѓе на ДУИ и СДСМ, зошто овој предмет кој што го има во фиока со години сега проценија дека е време да се постапи, да се донесе одлука за тоа? Ние не сакаме да навлеземе и да влијаеме врз судската власт, но сакаме да им укажеме, да ги повикаме со трезна глава да размислат бидејќи со ова можат да придонесат за дестабилизација и да пореметат процеси кои не се во интерес на државата, рече Меџити.

За автопатот Скопје-Блаце, Меџити нагласи дека е државен интерес да се изгради, но рече дека „последните пет километри од овој патен правец се градат по ридот“ и потенцира дека е речиси невозможно да се градат.

– Но, последните пет километри не знаеме од кои причини не одат како во Косово каде што градеше „Бехтел“ во Лепенец, не оди ниту по стариот пат, ниту на некоја удолница, туку се качија на ридот горе што таму е речиси е невозможно, потребни се шест тунели и инвестицијата е голема отиде на 24 милиони евра за километар. Додека се градат овие до клучката и тие другите пет километри, можеме да го ревидираме тунелот од што ќе добие државата оти ќе чини поевтино. Ќе добијат граѓаните бидејќи ќе се оствари побрзо. Ќе изгубат само тие што се навлезени длабоко во корупција. Изгледа и тука имаат купено земјишта и се проверуваат. Ние работиме во интерес на граѓаните, на слободниот проток на стоки и полесен пристап од двете страни. Македонија само со Република Косово има суфицит и државен интерес е што побрзо да се реализира тој пат, истакна Меџити.

Слични содржини