Меџити: Мал број луѓе со црни пари посакуваат магла за да си ја спасат кожата

од Milan1
35 прегледи

Мал број луѓе со црни пари посакуваат да има дестабилизација во државата за да си ја спасат кожата, вели Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

-Точно е дека има црни пари и посакуваат да има магла за да си ја спасат кожата, но тоа се мал број на луѓе и не мислам дека заради тие мал број луѓе некој ќе посегне или да крши закон или да сноси одговорност утре за некакво дестабилизирање. На крај на граѓаните им треба мир, им треба подобар животен стандард, повисоки плати, па и во однос на Охридскиот договор, еден од столбовите е токму децентрализацијата, рече Меџити.

Тој оцени дека е добро што се организирани државни настани за одбележување на годишнината на Охридскиот рамковен договор и дека на вечерашниот настан ДУИ како политичка партија е поканета.

Запрашан за односите во владината коалицијата Меџити кажа дека во однос на поголемиот партнер (ВМРО-ДПМНЕ) има пофални зборови посочувајќи дека се издвоени милијарда евра за општините и општинските буџети за решавање на конкретни проблеми со граѓаните. Што се однесува до ЗНАМ, посочи тој, смета дека малку се „некомотни“.

-Мислам дека и левичари и националисти, мислам дека нешто не штима тука. Треба да ги преиспитаат нивните политики за нивното добро бидејќи обично левичарските партии се малку покосмополити, пограѓански ориентирани. Ретко може да се најде и во Европа и во регионот и Левичар и националист, рече Меџити.

Рече дека имал разговори со Максим Димитриевски во врска со албанското знаме во неговата канцеларија и смета дека таа забелешка била непотребна и дека самиот кумановски градоначалник и лидер на ЗНАМ го има ова знаме во канцеларијата.

Слични содржини