Меџити: Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот

од Milan1
43 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити посочи дека со новата Влада работат на нов закон за казината и игрите на среќа се со цел економски подобро да се развие земјата и при тоа да не стане како што рече „Лас Вегас на Балканот.

„Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа кој што ќе биде многу поригорозен бидејќи сакаме оваа држава да се развие економски, а не да стане Лас Вегас на Балканот“, посочи Меџити.

Меџити истакна и дека со нивното доаѓање на власт нема да се зголеми бројот на казината и обложувалниците.

„Ние не земавме ниту директорско ниту заменичко место, како ни член на управен одбор на дирекцијата за игри за среќа на Лотарија на Македонија. Тоа беше првиот чекор, вториот чекор е нашата парламентарна група заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бараме автентично толкување на законот. Владата веќе донесе таков став, чекаме и Собранието тоа да го потврди и ако го потврди во тој случај петте концесии за онлајн казино ќе стапат на сила. Нормално и тој што ги донел тие закони треба да одговара“, додаде Меџити.

За него е важно што казината ќе бидат далеку од децата.

Слични содржини