Меџити вели има снимка дека Арсовска дошла пред куќата на „Барути“ и го истепала

од Milan1
941 прегледи

Вицепремиерот Изет Меџити во вестите на тв Сител прашан зошто само Влен не го осуди физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска кој финишираше со притвор на напаѓачот таканаречениот командат Барути изјави дека Данела не била нападната туку таа го натепала Барути.

„Имаме снимки се се гледа“ вели Меџити.

Таа дошла пред куќата на Барути и го натепала со клоци тврди Меџити и е категоричен дека Данела е тепачката а не натепаната.

Тој ја обвини Арсовска и за немањето вода во повеќе населби во Скопје оти ги банкротирала јавните претпријатија на градот и дека се ќе се средело кога Арсовска ќе заминела и ќе дошол нов градоначалник.

Слични содржини