Не е работа на политичарите да даваат информации. Пораката е дека никој не е над законот, да ги оставиме МВР и судството да си ја вршат својата работа, изјави денеска министерот за животна средина Изет Меџити, одговорајќи на новинарско прашања дали има информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби.
-Пораката е дека никој не е над законот. Секој кој се огрешил треба да одговара, а ќе го оставиме на МВР и на судството да си ја вршат својата работа. Тоа не е наша работа, работа на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот, изјави Меџити денеска пред почеток на настанот во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
Претходно, тој во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, изјави дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.