Меџити: Законот за бранителите ќе остане заглавен

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Првиот вицепремиер Изет Меџити во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека законот за бранителите „ќе остане заглавен“.

– Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во комисија која се води од Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане, вели Меџити како одговор на прашањето дали од коалицијата Влен разговарале по ова прашање со премиерот Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали условот за поддршка е паралелно да се донесе и закон за привилегии на припадниците на ОНА, министерот за животна средина не дава одговор, туку вели дека целата работа е смислена од претходната власт.

– Дилемата и прашањето е зошто СДСМ кој до вчера се бореше со граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури, зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните осум години? И зошто баш сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, тврди Меџити.

Слични содржини