Медлин Олбрајт: Балканот и искористување на моќта на Западот

од Vladimir Zorba
147 прегледи

 

90-тите години на дваесеттиот век беа извонреден период. По падот на Берлинскиот ѕид Централна Европа гледаше во иднината со еуфорија. Многу се гордеам со проширувањето на НАТО. Тогаш ние успеавме да ја  искористиме моќта на Западот и да им помогнеме на олбрајтбалканските држави. Америка – незаменлива нација, САД се гледа во улогата на незаменлива нација што треба да прави добро во различни делови на светот. “Незаменлив” не значи дека ние работиме сами. Смислата на оваа улога се заклучува во тоа дека нашето учество беше потребно во целиот свет. Постојат два глобални трендови – со позитивни и негативни последици. Прво, глобализацијата ни овозможи да ги зајакнеме нашите врски, но сама по себе таа е безлична. И од таа причина многумина, чувствувајќи дека го губат својот сопствен идентитет, се фатија за неа. Тоа се манифестира на етничко, верско и национално ниво. И во тоа нема ништо страшно – додека соседот не биде прогласен за непријател. Национализмот е многу опасна игра. Второ, како резултат на појавата на новите комуникациски технологии исчезна довербата кон официјалните институции. Националните влади делумно прекинаа со своето функционирање. Во оваа врска на позадината на растечкиот национализам во некои земји-членки се забележува раскол внатре во Европската унија. Проблемот е и во отсуство на единствена финансиска политика во Европа, каде што при првите тешкотии секој се обидува да ја префрли топката на другиот. Денешната улога на Америка, луѓето треба да се разбере дека САД не можат да си дозволат да се држат настрана од случувањата во светот. Кога Џорџ Буш стана претседател, тој сакаше да направи се што е во својот пат – нешто што не е невообичаено кај промената на власта во САД. И одеднаш се случија настаните од 11 септември 2001 година Со цело срце ја поддржуваме војната во Авганистан, а  терористичките напади беа планирани таму. На крајот администрацијата на Буш ја оствари ирачката операција. Таа стана огромна катастрофа. На овој фон претседател стана Барак Обама, освојувајќи ги изборите со ветувањето да излеземе од Авганистан и Ирак.

Американците се уморни од војните. За оваа причина, започна да собира сила  за идејата дека и другите земји треба да направат повеќе.

пл тац Во светот постојат проблеми, за чие решавање се потребни повеќе  страни отколку напорите на една страна. САД не сакаат да бидат светски полицаец – ние не сме империјалистичка држава. Ирачката кампања пропадна, бидејќи беше лошо планирана. Во Либија се допушти истата грешка. Никој не беше подготвен за последиците од овие операции.

Америка нема проблем со Русија, додека …

Дојдено  ми е преку глава од тоа дека за Русија секогаш се обидуваат да најдат некакво оправдување. Русија е земја која провоцира, за да може потоа да се чувствува сожалувана. Русија помина низ криза на идентитетот. Никогаш нема да заборавам како еднаш во 90-тите години на минатиот век, за време на една моја посета таму еден човек ми рече: “Ние бевме супердржава, а сега сме Бангладеш со ракети”. Путин ја искористи оваа ситуација и изјави  за својата намера да се врати минатото,  величието на Русија. Путин е умен, но е навистина зол човек. Тој, офицерот од КГБ, сака да држи сè под контрола и смета дека сè се размислува против Русија. Тоа не е така. Путин има лоши карти, кои тој добро ги  игра. Сметам дека неговата цел е поткопување на темелите на ЕУ и неговиот раскол.

медве Тој сака да го турне НАТО од сферата  на влијание.  Во Сирија целта на Русите беше да се одвлече вниманието од Украина, само за  да го зајакнат своето влијание на Блискиот Исток. Но сакам да нагласам: САД немаат проблем со Русија додека таа не окупира други земји. Слабоста на светот  е на позадината на миграциската криза Меѓународната систем демонстрира слабост во многу насоки. За мене останува мистерија: нели постои комесар на ОН за бегалци, не разбирам зошто не работат тие  механизмите кои би помогнале за да се справиме со вакви кризи. Од самиот почеток меѓународната заедница се држи така како кризата  да ќе исчезне само по себе.

——————————

Медлин Олбрајт, државен секретар на САД / 1997-2001 година /. Материјалот е дел од интервју со неа објавено од весникот “Ди Пресе”.