Нашиот познат диџеј Панчо во саботата овој викенд имаше свој настап на плажите во Охрид од каде што се јави на својот фејсбук-профил, со статус со кој го „предизвика гневот“ на дел од своите следбенички…
По неговата објава реагирашеи првата македонска онлајн феминистичка платформа „Медуза“:
„Можеби некои сè уште се изненадени, но женските тела не постојат за ги задоволат погледот, желбите и фантазиите на извесни Панчовци. Жените на плажа се дебели и слаби, имаат големи, мали, средни или немаат гради, некои имаат целулит, други стрии, некои се топлес, други закопчани до гуша, некои влакнести, а некои мазни. Тие жени носат танга, дводелен или едноделен купач, фустан, фармерки, апостолки, шминка, накратко, што им душа сака! Жените одат на плажа да уживаат, а плажите не им припаѓаат на “алфа” мажите кои мислат дека нивното мислење за тоа како треба или не треба да изгледаат нашите тела, треба нешто да значи. Така да, девојки и жени, уживајте во летото, and remember, every body is a beach body, велат од „Медуза“.