Медведев: Јапонскиот премиер зборува глупости за Русија, треба да изврши харакири

од Nikola Popovski
174 прегледи

Поранешниот руски претседател Димитриј Медведев денеска го обвини јапонскиот премиер Фуми Кишида за послушност кон САД и му предложи да изврши ритуално самоубиство.

Јапонскиот премиер го посети Вашингтон со цел да го зајакне сојузот меѓу Јапонија и САД наспроти зголемените предизвици од Кина, а исто така предупреди дека Русија не смее да користи нуклеарно оружје во Украина.

„Силно се спротивставуваме на какви било еднострани обиди за промена на статус кво со сила или принуда, каде било во светот“, се вели во заедничката изјава.

„Шефот на јапонската влада зборува глупости за Русија“

„Ова е толку монструозен срам што нема ни да ја коментирам паранојата околу нуклеарните планови. Размислете за тоа. Шефот на јапонската влада во понижувачки, лојален занес зборува глупости за Русија. Тој го предаде споменот на илјадниците Јапонци кои загинаа во нуклеарниот напад на Хирошима и Нагасаки“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој исто така рече дека Кишида е „само слуга“ на Американците и дека „слугите не можат да бидат храбри“.

„Овој срам може да се измие само со сепуку“

„Можеме само да жалиме за Јапонците. На крајот на краиштата, таквиот срам може да се измие само со извршување на сепуку веднаш на следната седница на нивната влада. Иако концептот на чест кај оваа генерација јапонски вазали не е вообичаен“, рече Медведев.

Сепуку е ритуално самоубиство на припадниците на јапонската работничка класа и благородниците, кај нас попознато како харакири.

Фото: EPA

Слични содржини