Пристапувањето на Украина во Европската унија е можно дури во средината на векот, а дотогаш унијата би можела да исчезне, оцени денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Како што напиша тој на својот канал Телеграм, ситуацијата со пристапувањето на Украина во Европската унија е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но се дадени многу непроверливи апстрактни услови, пренесува ТАСС.