Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска порачак дека предавањето на Украинците ќе го отвори патот кон мирот.
На луѓето кои страдаат во рововите на поделената земја навистина им треба само предавање, што може да го отвори патот за мир. Но, ниту Вашингтон, ниту Киев не сакаат мир, напишал Медведев на Телеграм.
Тој додал дека Соединетите Американски Држави сакаат неподелена власт и дека, заради тоа, не ги штитат „крвавите украински жртви“.
Медведев навел дека „месниот комбинат“ на контраофанзиви денес работи без престан, како и испраќање на илјадници несреќни луѓе „на колење“.
Но, неговата работа повеќе нема да му помага на режимот во Киев, кој влезе во фаза на постхумно пропаѓање. Не е можно да се сочува неговиот труп, заклучил Медведев.