Медведев: И ЕУ има електрани, може да се случат несреќи и таму

од Берта Китинска
177 прегледи

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го окарактеризира како глупост тврдењето дека руските сили, отворајќи оган врз украинските градови од областа на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје во Украина, создаваат можност за нуклеарна катастрофа.

Ова е очигледна 100% глупост, дури и за русофобичната јавност, рече Медведев, пренесува Ројтерс.

„Да не заборавиме дека и Европската унија има електрани“, изјави Медведев, со порака: „И таму може да се случат несреќи“.