Медведев: Има само „едно и пол“ сценарио за развојот на ситуацијата во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Има само „едно и пол“ сценарио за развојот на ситуацијата во Украина: да се постигнат сите цели на специјалната воена операција и Киев да ги признае нејзините резултати или да има државен удар во Украина и после тоа резултатите од специјалната воена операција да бидат признати, рече заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

На својот канал на Телеграм, Медведев напиша дека „аналитичарите од сите бои практикуваат подготвување прогнози за украинскиот конфликт“ и дека „прогнозите за победа се прават во Киев и во украинофилските земји на Западот“.

– Сето тоа се, всушност, чисти лаги и демагогија за манипулирање со гласачкото тело. Секој разбира сè, но тие ги играат своите улоги. Има само „едно и пол“ сценарио за развојот на ситуацијата во Украина: да се постигнат сите цели на специјалната воена операција и Киев да ги признае нејзините резултати или да има државен удар во Украина и после тоа резултатите од специјалната воена операција да бидат признати- смета Медведев.

– Тоа се сите варијанти. Трето нема – заклучи тој.

Слични содржини