Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можноста за размена на територии меѓу Русија и Украина е „глупост“.
„Мир преку сила, велите? Понекогаш овој концепт навистина функционира. На пример, со демонстрирање на вистинска, а не измислена рамнотежа на силите. Како денес во Киев по пристигнувањето на нашите ракети и беспилотни летала. „Иако ни таквите постапки не се во состојба целосно да ги расчистат умовите на оние нелегитимни будали кои треперејќи од страв и од нарко кризата пред камерите зборуваат глупости за размена на територии“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Зеленски претходно во интервју за „Гардијан“ изјави дека не ја исклучува можноста за „некаков вид“ територијална размена со Русија.