Русија ќе бара мир со Украина исклучиво по свои услови, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во интервју за агенцијата ТАСС.
„Русија спроведува специјална воена операција во Украина и се обидува да воспостави мир под свои услови, всушност под наши услови – ова треба да се каже отворено, а не под условите кои нашите поранешни меѓународни партнери, кои се желни да видат руски воен пораз, се обидуваат да ни наметнат“, истакна Медведев.
Тој наведува дека специјалната воена операција е тежок, но внимателно разгледан одговор на политиката на колективна западна русофобија.