737
Дмитриј Медведев зборуваше за терористичкиот напад во Москва.
Денеска во Русија е ден на жалост по терористичкиот напад во кој загинаа повеќе од 130 лица, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и премиер и актуелен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, зборуваше за масакрот.
„Ќе се одмаздиме за секој еден. А оние кои се вмешани, без оглед на земјата на потеклото и статусот, сега се наша глава и легална мета. Само чекајте копилиња“, рече на X.