Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, заслужува да ја добие Нобеловата награда „за злоупотреба на буџетски средства“, изјави заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Тој потсети дека Фон дер Лејен купила 4,6 милијарди дози вакцини против Ковид за 71 милијарда евра од Pfizer.
– Тоа се десет дози вакцини за секој граѓанин на ЕУ. Размерите го одземаат здивот – напиша Медведев на својот канал Телеграм.
Тој ја нарече шефицата на Европската комисија импресивна и храбра жена која не се плаши од ништо, а сега покрај нејзината главна функција стана и „претставник на Големата фарма“.
– Ако избезумената (британската премиерка Лиз) Трас ја заслужува Нобеловата награда за економија за најбрзиот колапс на националните финансии, тогаш Урсула фон дер Лејен е кандидат за Нобеловата награда за медицина за висококвалитетната злоупотреба на пари за вакцини – се пошегува Медведев.
Претходно, европскиот пратеник Кристијан Терхес ја повика Урсула фон дер Лејен да поднесе оставка поради набавката на 4,6 милијарди дози од вакцината против коронавирусот во вредност од 71 милијарда евра. Терхес истакна дека се уште не се објавени сите документи за договорите.