Некои ја туркаат Русија кон трета светска војна, предупреди заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Во објава на мрежата Телеграм, тој реагираше на најавите дека Лондон би можел да ги префрли своите инструктори за обука на силите на Киев на територијата на Украина, како и на идеите од Берлин за испорака на ракети „Таурус“.
„Таквите луѓе без мозок нè туркаат во трета светска војна“, напиша тој.
Да потсетиме, британски „Телеграф“ објави, повикувајќи се на министерот за одбрана Грант Шапс, дека министерството за одбрана има намера за првпат да распореди свои сили во Украина, согласно плановите што ги разгледува воената команда.
Во врска со тоа, Медведев рече дека британските инструктори во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија и дека руските сили безмилосно ќе ги уништат не како платеници, туку како експерти на НАТО.