377
Францускиот претседател Емануел Макрон не претставува закана и никому нема да му недостига по завршувањето на неговиот мандат, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
„Макрон рече дека Русија сега е, и ќе биде уште многу години, закана за Франција и за Европа воопшто. Сепак, самиот Микрон не претставува голема закана. Засекогаш ќе исчезне најдоцна до 14 мај 2027 година. И никој нема да забележи“, напиша тој на „X“.
Макрон претходно во своето обраќање рече дека „руската закана“ постои. Според него, загрозена е и безбедноста на Европа.
Политичарот ја нарече идејата да се остане обичен набљудувач во „светот на опасност“ „лудост“, отфрлајќи го мирот во Украина под „руски диктат“.