Медведев: Москва треба да започне офанзива откако ќе ги одбие украинските напади

од Stefanija Kuzmanovska
589 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитриј Медведев, денеска соопшти дека се чини дека Украина ја започнала својата долгонајавувана контраофанзива, а Москва треба да започне сопствена офанзива откако ќе ги одбие тие напади.

„Непријателот веќе подолго време ветува голема контраофанзива. И се чини дека веќе почнал нешто. Мора да го запреме непријателот и потоа да тргнеме во офанзива. Целта е целосно соборување на нацистичкиот режим во Киев“, напиша Медведев на својот канал на платформата за пораки Телеграм.

Тој додаде дека руската армија има значителна предност во авијацијата и оклопните сили.

Слични содржини