Нападот на Киев со дрон врз Кремљ, предводен од САД и одобрен од раководството на ЕУ, ќе доведе до ескалација на конфликтот, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Високиот дипломат на Европската унија, Жосеп Борел, се изјасни против нападот врз Кремљ поради можна натамошна ескалација на конфликтот. Терористичкиот напад што го извршија властите во Киев, предводени од САД и одобрени од раководството на ЕУ, ќе доведе до ескалација на конфликтот. Токму тоа го сака Вашингтон и многумина во Брисел“, напиша Медведев.
Прес-службата на рускиот претседател претходно објави дека Киев во раните утрински часови во средата се обидел да ја нападне резиденцијата на шефот на државата Владимир Путин во Кремљ со дронови.