Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на Телеграм ги изрази своите предвидувања за санкциите на Западот против Русија.
„Доналд Трамп е навреден од сегашната администрација и се заканува дека ќе ги укине санкциите кон Русија. Ќе ги укине ако биде избран? Секако дека не. И покрај неговата навидум „несистемска“ природа, Трамп на крајот е човек на системот.
Да, тој е екстравагантен нарцисоиден тип, но е и прагматичар. Трамп, како бизнисмен, разбира дека санкциите и штетат на доминацијата на доларот во светот. Но, не толку колку да се организира револуција во САД и да се оди против антируската линија на озлогласената длабока држава, која е многу посилна од кој било Трамп“, напиша Медведев.
„Камала ќе подготвува убави бесмислени говори“
„А што е со Харис? Ниту од неа не треба да очекуваме изненадувања. Таа е неискусна и, како што тврдат нејзините непријатели, едноставно глупава. Ќе ѝ подготват прекрасни бесмислени говори и здодевни точни одговори на прашања кои со заразна насмевка ќе ги чита од телепромптерот.
Санкциите против СССР постоеја во текот на 20 век. Тие се вратија во 21 век во невидени размери. Така за сите нас – санкции засекогаш. Или подобро кажано, до колапсот на САД за време на неизбежната нова граѓанска војна. На крајот на краиштата, Холивуд не за џабе снимаше филмови за тоа“, додал Медведев.