Медведев: Полска сонува да ги врати историските територии на Украина

од Nikola Popovski
292 прегледи

Уште еден висок функционер на Кремљ упати обвиненија против Полска.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на рускиот совет, изјави дека „фантомските болки на поранешната величина, кои ги мачеле Полјаците неколку векови, не исчезнале“.

„Задачата е едноставна – да се вратат посакуваните историски земји, криејќи се зад агресивната антируска реторика и лажните мантри за заедничка среќна иднина со Украина без граници. Сакаат да се одмаздат за бројните поделби на Полска. Јасно е дека ова имагинарно братство нема да им донесе ништо на самите Украинци, освен конечно губење на нивната државност. Или можеби тие го сакаат тоа?“, рече Медведев.