Медведев: Поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Димитриј Медведев денеска изјави дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна, што е во согласност со руската нуклеарна доктрина.

„Утре, во базата на НАТО ‘Рамштајн’ во Германија, главните воени лидери ќе разговараат за нови тактики и стратегии, како и за снабдување на Киев со ново тешко вооружување и ракетни системи. Сето тоа ќе се случи по Форумот во Давос, каде слабите политички забавувачи повторуваат, како мантра: ‘За да се постигне мир, Русија мора да загуби’“, наведе Медведев на Телеграм, пренесува „Гардијан“.

 

Слични содржини