Постојат планови западна Украина да им се предаде на поранешните господари и градот Лавов повторно да се вика Лемберг, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, на својот канал на Телеграм.
„Во Лавов, кој повторно ќе се преименува во Лемберг, полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа и украинскиот претседател Владимир Зеленски одржаа средба и разговараа за отстапување на западните украински региони на нивните поранешни господари“, напиша Медведев, пренесува ТАСС.
Медведев ги опиша политичарите кои се сретнаа во Лавов како луѓе кои „страдаат од империјални амбиции и фантомски болки предизвикани од историјата која ги снашла“.