Медведев: Постојат 4 случаи кога Русија има право да користи нуклеарно оружје

од Nikola Popovski
403 прегледи

Има неколку случаи во кои Русија има право да користи нуклеарно оружје и сите се наведени во претседателскиот декрет, кој зборува за одлучноста на земјата да го заштити својот суверенитет, но во тешки ситуации преговорите се најдобриот и најкоректниот начин, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој објасни дека Русија има право да користи нуклеарно оружје кога е извршен ракетен напад врз Русија со употреба на нуклеарни средства за уништување, кога се користи нуклеарно оружје против Русија или нејзините сојузници, како и во случај на напади врз критична инфраструктура, како резултат на што беше парализирана активноста на руските нуклеарни сили за воздржување.

Четвртиот случај е кога е извршен акт на агресија против Русија или нејзините сојузници, поради што е загрозена егзистенцијата на земјата, дури и без употреба на нуклеарно оружје, односно употреба на конвенционално оружје, изјави Медведев за „Спутник“.

„Меѓутоа, тргнуваме од фактот дека во најтешките ситуации, како што е сегашната, на пример, околу Украина – преговорите, дипломатските напори се сепак најдобриот и најправилниот начин. Другата работа е дека преговорите не секогаш успеваат , но потребно е да се оди на тој начин“, објасни Медведев.

Како што прецизираше, никој не сака војна, но секогаш постои закана од нуклеарен конфликт.

„Никој не сака никаква војна, особено нуклеарна војна – тоа е закана за постоењето на човековата цивилизација. Во таа смисла во право се аналитичарите кои велат, можеби донекаде цинично, дека појавата на нуклеарното оружје спречи огромен број конфликти во 20-тиот и 21-от век. Тоа е вистина е“, рече заменик-претседателот на Советот за безбедност.

Според него, „затоа е очигледно дека секогаш постои закана“.

Слични содржини